Утрински Весник
Македонија

Пожар на отворен простор кај с. Пепелиште се проширува кон планината Серта ,има барање за асистенција од хеликоптер

Img 4974.jpeg

Регионалниот ЦУК Велес информира дека има пожар на отворен простор кај с. Пепелиште, каде што во почетокот гореле сува трева и нискостеблеста шума. Но, според последните информации од терен, пожарот се проширува кон планината Серта.

На терен се присутни екипа од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Неготино со 8 пожарникари и 2 ПП возила и претставници од воениот полигон „Криволак“. Според нивна процена постои можност за разгорување на пожарот со тенденција да се прошири во правец на планината Серта.

Градоначалникот на Неготино достави до ЦУК барање за асистенција од хеликоптер – за воздухопловна противпожарна (ПП) поддршка на ПП силите коишто дејствуваат по земја.

Можете да прочитате

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!

Со новите предлог кандидати за градоначалници, СДСМ најави дебакл на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ