Утрински Весник
Спорт

Модриќ ќе добие нов договор за да му биде резерва на Белингем

Модриќ ќе добие нов договор за да му биде резерва на Белингем
300x250 (7)

Лука Модриќ деновиве ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид. Платата ќе остане иста, 10 милиони нето по сезона, но Реал во последен пославиле свои услови, Модриќ нема да има ист статус во тимот како досега.

dobivaj vesti na viber

Шпанска „Марка“ и германски „Билд“ пренесуваат дека капитенот на хрватската репрезентација бил повикан на состанок по дебаклот и елиминацијата од Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Ss1

За 40 дена, откако ќе му истече актуелниот договор, Модриќ ќе добие нов, но со изменети услови.

Имено, како што се наведува, Џуд Белингем доаѓа во тимот за 120.000.000 евра и доколку тој трансфер се реализира, ќе стане најскапо платениот играч на Реал во историјата на клубот.

Тој би станал носител на играта на „кралевите“ во следната деценија, а тоа би значело дека Модриќ заедно со Тоније Крос ќе ја загуби минутажата, а заедно со Белингем повеќе простор ќе добива и двоецот Камавинга-Чуамени.

Белингем би бил вториот најплатен играч на Реал со годишна плата меѓу 25 и 30 милиони евра.

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер