Утрински Весник
Македонија

Мобилни царински тимови запленија тутунски производи во малопродажен објект

624572119 1261615205780598 5869216620695950694 n.jpg

Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета при извршена акција на мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола на малопродажен објект во Струга, соопшти Царинската управа.

„При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни маркички. Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари.

Против сторителите е поведена соодветна постапка. Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и заштита на здравјето на граѓаните“, стои во соопштението од Царинската Управа.

Можете да прочитате

Вајц: Македонија е полна со природни убавини, треба да се рекламирате да му ги покажете на светот, тоа носи и економска придобивка

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински значајно за долгорочната политичка и економска безбедност и стабилност

Засилени контроли на сладолед и мраз, изречени 45 казни при контролите на АХВ