Утрински Весник
Македонија

МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништа, може да се добијат и со брза пошта

Mnr.png

Министерството за надворешни работи попладнево информира дека во нашите дипломатско-конзуларни претставништва има доволно патни листови со кои граѓаните можат да се вратат во земјава и дека тие ќе се издаваат без да се наплаќа конзуларна такса.

Во информацијата испратена до медиумите, МНР соопштува дека се олеснува и доставата на патниот лист, односно дека тој може да биде доставен и преку брза пошта.

Досега во Министерството и во дипломатско-конзуларните претставништва ниту еден граѓанин не пријавил проблеми при патување со патните листови или со друг вид на документи со Република Северна Македонија.

– Воедно, информираме дека до овој момент ниту еден наш државјанин не пријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија – се наведува во соопштението.

Патниот лист им е потребен на сите оние граѓани кои останаа во странство поради тоа што нивните патни документи станаа неважечки по 12 февруари.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница