Утрински Весник
Македонија

МНОГУ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Викендов свежо, ветровито и со услови за слаб дожд!

Meteoalarm.mk 30.png

За време на претстојниот викенд и понатаму времето во Македонија ќе биде многу променливо, но ќе има и сончеви периоди. Ќе има  и услови за слаб локален дожд, а ќе дува  и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој особено Долж Повардарието, и тоа утре (сабота) ќе засилува на интензитет.

И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и претежно суво. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот утре (сабота) повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени. Во Скопје максималната температура за време на претстојниот викенд ќе се искачи до околу 20 степени.




Можете да прочитате

Производителите на пиперки денеска го блокираат патот Прилеп – Битола

Угинати риби во реката Треска, се бараат итни анализи на водата

Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена