Утрински Весник
Култура

„Младите доаѓаат“ – концерт во Филхармонија

ВМРО-ДПМНЕ до министерката за култура: „Немањето средства за установите е поради вашите ‘купи ден’ политики

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Младите доаѓаат“ со ученици од средните музички училишта во Македонија. Диригент е Иван Еминовиќ, а на програмата се дела од Моцарт, Берио, Вебер. Лехар, Сибелиус, Григ и Равел.

dobivaj vesti na viber

Како солисти ќе настапат Јана Стоилевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, класа проф Гонца Богоромова Краповски), Божана Гошева (виолина, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, класа проф. Јелена Туфекчиевска), Мевљуд Асаноски (кларинет, III средно, ДМУ – Битола, класа проф. Марјан Бакревски), Алек Гравчевски (фагот, III средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, класа проф. Горан Зафировиќ), Јана Блажевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Маја Митровска), Леонардо Димоски (виолина, IV средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф. Оливера Гемту), Арсениј Ангелески (пијано, III средно, ДМБУЦ – Битола, класа проф.Татјана Божиновска) и Иван Стојанов (пијано, II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, класа проф. Катерина Ќетковиќ Фидановска).

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“