Утрински Весник
Свет

Русија распиша потерница по американскиот сенатор Линдзи Греам за русофобија

Русија распиша потерница по американскиот сенатор Линдзи Греам за русофобија

Министерството за внатрешни работи на Русија објави потерница за американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, пренесува РТ Балкан.

dobivaj vesti na viber

Кривичната постапка ја покрена претседателот на Истражниот комитет на Руската Федерација, Александар Бастрикин, поради видеото што се појави на веб-страницата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на кое Греам во разговор со украинскиот лидер, вели дека САД „никогаш толку успешно не трошеле пари“ како за време на украинскиот конфликт.

„Русите умираат. Никогаш толку добро не сме трошеле пари“, рече Греам за време на состанокот.

На средбата со Зеленски, на која претседателот на Украина го пофали републиканскиот сенатор од Јужна Каролина за неговиот придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на украинската армија, Греам вели дека „смртта на Русите е најуспешното трошење на американските пари“ како дел од помошта за Украина, мислејќи на 38-те милијарди долари кои Американците ги издвоија за Украина од февруари минатата година, пренесе РИА Новости.

Во обид да го одбрани американскиот сенатор, Ројтерс истакна дека, всушност, се работи за видео монтажа и дека Греам, зборувајќи за помошта што Вашингтон ја доделува за Киев, рекол дека „тоа се најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“.

Како што понатаму објави овој медиум, американскиот сенатор во вториот дел од видеото вели дека она што го прават денеска Украинците го потсетува на историјата на САД, кога Американците се бореле до последен здив.

„Зеленски тогаш рече дека САД денес се слободна земја, а слободни ќе бидат и Украинците, на што Греам прокоментира: „И Русите умираат,“ пишува Ројтерс.

Официјална Москва ги осуди зборовите на Греам, велејќи дека такви изјави не му доликуваат на функционер, и дека се срам за една земја. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го нарече Греам „стар будала“.

Греам, од друга страна, ја нарече реакцијата на Москва пропаганда иако руската страна само го коментира видеото што го монтира, а потоа го објави- Киев.

За потсетување, ова не е прва русофобна изјава на Греам кој, коментирајќи го падот на американското беспилотно летало во Црното Море, претходно рече дека САД треба да го соборат секој руски воен авион што се приближува до американски авион во воздушниот простор над отвореното море.

Во март минатата година Греам рече дека „некој треба да го убие рускиот претседател Владимир Путин“ и на Твитер праша дали во руската армија има предавник како Брут кој би бил подготвен да го ликвидира рускиот претседател.

Можете да прочитате

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Утрински Весник

Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион