Утрински Весник
Македонија

Млад кумановец тешко повреден, со мотокултиватор удрил во ѕид

Policija 2.jpg

На 16.07.2024 во 13.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Доне Божинов“ во Куманово, А.А.(26) од Куманово, управувајќи мотокултиватор „ИМТ 509“ со кумановски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во ѕид од објект, информира МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот