Утрински Весник
Македонија

Митрески: Владејачкото мнозинство е стабилно, шест пратеници на АА ја поддржуваат владејачката коалиција

Mitreski.webp.webp

Владејачкото мнозинство е стабилно, а тоа се виде и на гласањето за разрешување на министрите од Алијанса за Албанците, изјави претседателот на Собранието Јован Митрески во интервју за МИА.  

-Да. Тоа се виде и на гласањето за разрешување. Значи, кога веќе ја спомнувате Алијанса за Албанците во овој момент имам информација дека од осум вкупно пратеници на пратеничката група на Алијансата за Албанците шест пратеници стриктно и директно ја подржуваат оваа владејачка коалиција, посочи Митрески.

Запрашан за Изборниот законик во согласност со забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, очекува да се постигне консензус помеѓу сите пратенички групи.

-Имам информации дека се водат преговори, дека се блиску до консензус посебно во делот на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, не сум слушнал досега дека има какви било забелешки. Сигурно таму се отвораат и други прашања за коишто се чека да се обезбеди консензус. Очекувам од пратеничките групи да дадат предлог за измени на Изборниот законик барем таму каде што имаат консензус, барем тоа да бидат забелешките на ОБСЕ/ОДИХР да бидат ставени во предложениот Изборен законик. Кога ќе го добијам како текст потпишан од сите координатори на пратенички групи што би значело потписот на сите координатори значи обезбеден консензус тогаш веднаш тој предлог би го ставил на наредна седница за да може да се изгласа до денот на одржување на изборите, вели Митрески.

Во интервјуто тој зборува за тоа дали е стабилно владејачкото мнозинство, дали и кога ќе биде избран член на ДИК, дали ќе се донесат измените на Изборниот законик и за тоа дали утре ќе ги распише претседателските и парламентарните избори.

Можете да прочитате

30.000 евра, закани и сомнеж за манипулација со телефон – потресни сведоштва на судењето за трагедијата во Тафталиџе

УЈП: Од понеделник обуки за студентите поврзани со работата во странство преку програмата „Work and Travel“

„Купи ми стан и кола или ќе те убијам“ – пријава од жена во Тетово