Утрински Весник
Македонија

Митева: На само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават јавна набавка за дигитални учебници

Mari A Miteva.jpg

Интегрален текст од прес конференција на Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Молкот на МОН за скандалозните јавни набавки за дигитални учебници по странски јазици само го потврдува тоа што го зборуваме – поништуваат јавна набавка со банално образложение, а предвидуваат нова набавка вредна милиони.

Повторно прашуваме и ја потсетуваме јавноста прво за онаа набавка од 500.000 евра на фирмата ТРИМАКС за дигитални учебници кои никој не ги користеше, па се поставува прашањето дали сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Дополнително е скандалозно што со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, и тоа повторно за 4 одделение, кои веќе беа опфатени со претходната набавка.

Состојбата во МОН е алармантна, на само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават уште една јавна набавка, за дигитални учебници. Единствена разлика е што овој пат јавната набавка е за дигитални учебници за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии.

Бидејќи МОН молчи, прашуваме директно дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или дали овој пат тоа планираат да го сторат со Арс Студио, фирмата која доби тендер за фантастични 5 милиони евра за превод на учебници?
Почитувани, затоа промените се во твои и раце, Македонија повторно твоја!

Можете да прочитате

ЦУК: Со хеликоптерска помош ренџерите гасат пожар на Шара

Костадиновска – Стојчевска: Младите имаат право на спокојна и достинствена иднина

Спасовски: Кумановци најдобро знаат со Стево имаме европска иднина, а со лажните патриоти повторна изолација