Утрински Весник
Економија

Мистериозниот креатор на Биткоин е идентификуван

Bitkoin.jpg

Новиот документарец на американската кабелска телевизиска мрежа „HBO“ тврди дека го открил вистинскиот идентитет на псевдонимниот креатор на биткоинот, Сатоши Накамото.

Документарецот е најновото дело на Кален Хобак, номиниран за Еми, кој привлече критики за неговата серија „ Q: Into the Storm “ која ги разоткри авторите на теоријата на заговор QAnon. Големото откривање треба да се емитува в среда во 2 часот по средноевропско време (вторник во 21 часот по EST).

Доколку се прифатат податоците во документарецот, објавувањето би можело да предизвика шок на светските финансиски пазари, па дури и на претседателските избори во САД, со оглед на начинот на кој републиканскиот кандидат Доналд Трамп го поддржа биткоинот, пишува Politico.

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ го одби нашиот амандман за финансиска поддршка на малите бизниси

Филипче: Мицкоски и Славески ја внесоа Алта банка и ги загрозија парите на граѓаните

Мицкоски: Реалната нето-плата е за 5,2 отсто поголема, во владата на СДСМ и ДУИ беше намалена за пет отсто