Утрински Весник
Свет

За една година војна, Израел нападнал 40.000 цели на Хамас во Газа

Gaza.jpg

Во изминатата година, Израел бомбардираше повеќе од 40.000 цели во Појасот Газа, пронајде 4.700 тунели и уништи 1.000 локации за лансирање ракети, објави израелската војска денеска на годишнината од нападот на Хамас што предизвика израелска одмазда.

Пребројувајќи ги загинатите војници, израелската војска објави дека од 7 октомври 2023 година биле убиени 726 израелски војници. Од нив, 380 загинале во нападите на 7 октомври, а 346 во борбите во Газа што започна на 27 октомври 2023 година

Од тој датум, бројот на повредени војници е 4.576. Педесет и шест војници загинаа како резултат на различни оперативни несреќи, кои армијата не ги дефинираше.

Во бројки за одбележување на 7 октомври, израелската војска соопшти дека регрутирала 300.000 резервисти од почетокот на војната – 82 отсто мажи и 18 отсто жени. Речиси половина од нив се на возраст меѓу 20 и 29 години.

Од почетокот на војната, од Газа врз Израел се истрелани 13.200 ракети. Уште 12.400 биле пуштени од Либан, додека 60 дошле од Сирија, 180 од Јемен и 400 од Иран, соопшти војската. Се додава дека убила повеќе од 800 „терористи“ во Либан, каде од воздух биле погодени 4.900 цели заедно со околу 6.000 цели на земја.

Во текот на изминатата година, Израел уапси повеќе од 5.000 осомничени на Западниот Брег и долината на Јордан.

Војската соопшти дека убила осум команданти на милитантната бригада во Газа, околу 30 команданти на баталјони и 165 команданти на чети во текот на минатата година.

Војната во Газа започна кога палестинските милитанти на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи 1.200 луѓе и земајќи околу 250 заложници, според израелските податоци. Повеќе од 100 заложници сè уште се држат во Хамас.

Во израелскиот воен напад врз Газа што следеше, според Министерството за здравство на Газа, загинаа речиси 42.000 Палестинци.

Можете да прочитате

Трамп води со 95 електори, Харис со 35

Трамп тврди „масовно мамење“ во Филаделфија, полицијата нема потврда за неправилности

Нетанјаху го отпушти министерот за одбрана Јоав Галант