Утрински Весник
Спорт

Мисијата опстанок во АБА станува невозможна: МЗТ Скопје Аеродром убедливо поразен во Чачак

Мисијата опстанок во АБА станува невозможна: МЗТ Скопје Аеродром убедливо поразен во Чачак

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одиграа уште очаен натпревар во АБА лигата и го загубија можеби клучниот натпревар за опстанок во АБА лигата, откако вечерва се поразени на гостувањето кај Борац Чачак со 105:84. Одбраната не беше на потребното ниво, а МЗТ по овој пораз речиси и да ги загуби шансите да опстане во регионалното друштво. Сега „металците“ имаат две победи помалку од директниот ривал за опстанок Борац Чачак на три кола до крајот.

dobivaj vesti na viber

Домашниот тим многу мотивирано влезе во мечот, првата четвртина ја доби со 29:19, а на полувреме веќе имаше 22 поени предност (57:35).

Тимот на Драган Николиќ не успеа да се опорави до крајот и доживеа убедлив пораз.

Хантер Хејл со 22 поени беше најефикасен кај Борац Чачак, Марко Радоњиќ уфрли 19, а Сава Лешиќ постигна 18 поени.

Кеандре Кук со 20 поени и Страхиња Мичовиќ со 18 беа единствени расположени во тимот на МЗТ Скопје Аеродром.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами