Утрински Весник
Свет

Мишел: Поразот не е опција за Украина, потребна и е муниција за да се одбрани

Мишел: Поразот не е опција за Украина, потребна и е муниција за да се одбрани

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека поразот не е опција за Украина.

dobivaj vesti na viber

Тој во објава на „Твитер“ напиша дека на Украина и е потребна муниција за да се одбрани.

– Затоа работиме на организирање масовни нарачки со цел да го поддржиме темпото на нашата испорака на муниција во Украина – рече Мишел.

На 24 февруари минатата година Русија започна специјална воена операција во Украина, откако самопрогласените републики во Донбас побараа нејзина помош.

Западот воведе бројни санкции кон Русија и продолжува да испраќа воена и финансиска помош за Украина,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа

Фидан: Ердоган планира да ја посети Сирија