Утрински Весник
Македонија

Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник

Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник

Општина Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на градскиот кварт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник. Од денес, па во наредните четири месеци тој ќе биде предизвик за сите оние кои ќе понудат иновативни решенија за квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода, велат од општината.

dobivaj vesti na viber

„Распишаниот Меѓународен конкурс за идејниот лик на Расадник, е своевидна револуција во урбанистичко-архитектонското делување во Македонија бидејќи овозможува одговорно, транспарентно, стручно и хумано планирање на изгледот на оваа урбана заедница. Иако посакуваните решенија, не ги добивме во првиот обид, поради тоа што и покрај големата заинтересираност, имаше недоволен број на пријави и конкурсот мораше да се поништи, сепак Општина Кисела Вода не се обесхрабри во намерата Расадник да биде пристојно и хумано место за живот. Оттука, жири комисијата веднаш по завршување на Конкурсот направи опсежна анализа за причините за недоволниот број на пријавени апликации. Во изминатиов период се одржаа состаноци со Архитектонскиот Факултет, Комората на Архитекти и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија и се направија анкети на сите заинтересирани потенцијални апликанти, по што, мешовитата работна група од трите институции и Општината ги вклучи во конкурсната документација насоките добиени од факултетот и професионалната заедница“, се наведува во информацијата од општината.

Во новиот конкурс, како што е наведено е олеснет процесот за конкурирање, не е поставен лимит за пристигнати трудови, олеснување имаат и студентите кои можат да конкурираат без проектантско биро. Дополнително сите конкурсни документи сега ќе може да се стават на електронски медиум (CD или USB) кој понатаму, ќе треба во затворен коверт да се прати до Општина Кисела Вода. Ова значително финансиски им помага на странските учесници и беше дел од нивните барања.

Од денес 15.03.2022 се до 03.07.2023, е јавно достапен на веб страната на Бирото за јавни набавки.

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/46dfaa8e-a95d-442c-bacf-bab88806cd38/6

како и на линкот подолу, поставен на општинската веб страница.

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3559-33333

Сочинет е од два дела и осум прилози. Првиот дел се програмските насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник, додека вториот дел е конкурсната документација и прилозите кон истата.

Потсетуваме на наградите во износ од 15000, 8000 и 3 000 евра за прво, второ и треторангираниот, како и за двата откупа во износ од по 2000 евра, за кои ќе одлучува 9-члена меѓународна стручна жири комисија во која се вклучени и граѓаните преку Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода.

Сите евентуални дополнителни прашања може да се поставуваат и на е-маил адреса [email protected]

Интересно е дека распишувањето се поклопува со 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, после кој решение за новиот лик на главниот град се бараше токму преку Меѓународен конкурс. УНДП која во далечната 1964/65 со декларација ја презела обврската за реконструкција на Скопје, односно објавувањето на конкурсот за обнова на Скопје, ги препозна и поздрави нашите заложби за иновативни решенија во насока на креирање на услови за хумано и квалитетно живеење во Расадник. Оттука, оваа организација во рамките на проектот со кој ќе се одбележи јубилејот од земјотресот, ќе даде стручна поддршка и ќе го промовира Меѓунaродниот конкурс за Расадник преку своите меѓународни канцеларии, а ќе обезбеди и можност за зголемена транспарентност преку вклучување на набљудувачи во целиот процес.

Ги охрабруваме сите домашни и меѓународни стручњаци од областа на архитектонско-урбанистичкото планирање, сите оние кои во овој проект препознаваат предизвик за работа и професионален развој, да ни ги испратат своите идејни решенија за Меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник. Се надеваме дека заеднички ќе овозможиме квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода, кои пак, треба и мора да бидат императив во работата на секоја свесна и совесна локална самоуправа“, се истакнува во соопштението од Општина Кисела Вода.

Можете да прочитате

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор