Утрински Весник
Магазин

Мишел Обама: Да се биде добар кон себе е предизвик

Мишел Обама: Да се биде добар кон себе е предизвик

Мишел Обама призна дека се бори со негативни мисли за својот изглед и својот уплашен ум, но им препорача на жените да научат да се сакаат себеси такви какви што се.

dobivaj vesti na viber

Во својата нова книга поранешната прва дама на САД открива дека мрази како изгледа цело време.

„Но, јас пронајдов стратегии за да бидам добра кон себе“, изјави таа за „Би-би-си брекфаст“.

„Сè уште напредувам и соочувањето со нешто добро сè уште ми претставува предизвик наутро. Се трудам секој ден, како што напишав во книгата, да се поздравам себеси со позитивна порака“.

„И навистина е штета што на толку многу од нас, особено жените, им паѓа тешко да ја видат сопствената слика и да не ја искинат и да сфатат што не е во ред“, рече Мишел додавајќи дека тоа е сржта на некои од нашите непријатни чувства.

„Ако не почнеме да учиме да се сакаме себеси такви какви што сме, тешко е тоа да им го пренесеме на другите“.

„Значи, работам на тоа секој ден“.

Госпоѓа Обама (58) беше во Белата куќа со сопругот Барак помеѓу 2009 и 2017 година.

Можете да прочитате

Млада Месечина во Риби на 18 март

Од борба за живот до роденденска прослава: Гибончето Мики полни една година

Најсреќни денови во март 2026