Утрински Весник
Свет

Бајден и Ердоган се сретнаа на маргините на самитот на Г20

Бајден и Ердоган се сретнаа на маргините на самитот на Г20

Американскиот претседател Џо Бајден денеска се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на маргините на самитот на Г-20 на индонезискиот остров Бали, соопшти турското претседателство.

dobivaj vesti na viber

Снимката од средбата на двајцата лидери ја снимија камерите на турската ТРТ, а темите на разговор засега не се познати.

Според Ројтерс, темите на кои Ердоган и Бајден би можеле да разговараат вклучуваат продолжување на договорот за извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море, постигнат со посредство на ОН и Турција, купувањето на американски авиони Ф-16 од Турција, прашањето за проширување на НАТО, како и последното бомбардирање во Истанбул, за кое Анкара ги обвини курдските екстремисти.

Можете да прочитате

Драма на бродот „Амбишн“: Десетици патници заболени, еден британски турист почина

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал