Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Од почетотокот на 2026 се исплатени околу 20 милиони евра поддршка за земјоделците

Image 2026 03 11 090450080.png

Од моментот на носењето на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, заклучно со последните исплаќања, кон земјоделците се исплатени околу 20 милиони евра, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во емисијата „Топ тема”.

Министерот посочи дека во изминатиот период Министерството одржало серија состаноци со најголемиот број земјоделски здруженија, со цел креирање на мерките во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.


„Првиот состанок беше одржан пред донесувањето на Програмата за финансиска поддршка, на кој се разговараше за предлози, идеи и сугестии од земјоделските здруженија. Целта беше мерките да се креираат заеднички и да одговорат на потребите на производителите”, истакна Трипуновски.

Тој додаде дека во рамките на Министерството функционираат потсекторски групи за секое производство, во кои членуваат претставници од земјоделските здруженија, наукатата, бизнис секторот и администрацијата.

„Во тие потсекторски групи детално се разговараше за содржината на Програмата и за мерките што треба да ја подобрат конкурентноста и развојот на земјоделското производство”, нагласи министерот.

По донесувањето на Програмата биле одржани и дополнителни состаноци, на кои биле презентирани новините на Програмата.

Министерот Трипуновски потенцираше дека Министерството останува отворено за соработка со сите земјоделци и здруженија.

„Вратата на Министерството е отворена за секој кој сака да се консултира за одредени теми. Јас секогаш сум на терен, помеѓу земјоделците, затоа што само преку директна комуникација можеме да креираме политики што навистина ќе им помогнат”, порача министерот Трипуновски.

Можете да прочитате

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност

„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија условите од јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење