Утрински Весник
Македонија

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД

Slika 5.jpeg

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ги отвори редовните билатерални, македонско-американски одбранбени консултации на кои со, заменикот-помошник секретар за војна, Дејвид Бејкер и тимот од САД разговараше за регионалната безбедност, за развојот на Армијата преку процесот на модернизација и опремување, инвестициите во одбраната и новите можности за развој на стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу двете земји.

„Нашите билатерални одбранбени односи во изминатите повеќе од три децении се на многу високо ниво и ви благодарам за одличната соработка. Посветената поддршка од Соединетите Американски Држави, како и амбасадата во нашата земја придонесоа во изградбата на капацитетите и способностите на македонската Армија”, рече министерот на почетокот на билатералните одбранбени консултации.


Мисајловски нагласи дека во моментов во фаза на имплементација се повеќе договори со САД за набавка на различен вид на опрема која е во согласност со НАТО – Целите на способности.

Министерот се осврна и на инвестирањето во одбраната, при што посочи дека одбранбениот буџет расте и дека државата има план за достигнување на заеднички договореното ниво од инвестирање на 3,5 проценти од БДП во одбранбениот буџет и 1,5 % од БДП во активности и проекти поврзани со одбраната до 2035 година. Тој посочи дека процесот на измена на стратешките документи и планови е започнат, што е клучно за идниот развој на одбранбените капацитети кои ќе овозможат засилување на борбената готовност како гаранција за безбедноста на земјата и цврстината на колективната одбрана на Алијансата.

Заменикот – помошник секретар Бејкер посочи дека САД ја препознаваат посветеноста на Владата во исполнувањето на целите во рамките на НАТО 3.0, вклучувајќи ги заложбите од Самитот во Хаг, грижата за регионалната безбедност, како и за развој на одбранбената соработка. Тој додаде дека овие разговори се можност за иницирање на нови правци во партнерството, кои ќе придонесат за навремен одговор на предизвиците.

Заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на САД, Никол Варнс рече дека денешните разговори ќе придонесат за идентификување на нови конкретни можности за соработка и дополнителен развој на интероперабилноста.

На билатералните консултации се обрати и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој рече дека сета досегашна и идна соработка ни дава можност за исполнување на нашите цели и задачи, како и за развој на борбената готовност на Армијата.

Билатералните одбранбени консултации се реализираат само две недели по стратешкиот дијалог помеѓу двете земји реализиран во Вашингтон, САД каде беше потврдена взаемната посветеност на развојот на блиски стратешки односи во сите сфери.

Можете да прочитате

Хуманитарни акции по повод одбележување на Денот на Генералштабот на Армијата и реализација на вежбата „БЛЕСОК 26″

Хоџа го одбележа Денот на планетата Земја со нови садници во чест на најмладите

Алиу најави можност лекар да може да евидентира доколку забележи пациент што претрпел насилство, а не го пријавил