Утрински Весник
Македонија

Мисајловски: Ја зајакнуваме соработката со цел поголема безбедност за нашите граѓани

Misajlovski dobran eeas 1 e1778239737866.jpeg

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор на Директоратот за мир, партнерство и кризен менаџмент при Европската служба за надворешни работи (EEAS), каде беше потврдена взаемната посветеност во делот на зајакнување на одбранбената соработка.

Средбата која беше иницирана од страна на Европската служба за надворешни работи, е дел од воспоставениот Дијалог на ЕУ и МКД во доменот на одбраната и безбедноста, и ја потврдува и зајакнува јасната подготвеност на ЕУ за продлабочување на соработката со нашата земја, во областа на безбедноста и одбраната.


Во оваа прилика министерот Мисајловски кажа дека денешната средба непосредно пред 9 Мај – Денот на Европа дава дополнителна симболика и позитивна димензија на Дијалогот и на заедничка посветеност на европските вредности. „Македонската Влада има јасна и недвосмислена цел – зајакнување на нашата соработка во областа на безбедноста и одбраната, како и заедничко справување со современите предизвици”, нагласи Мисајловски.

„Наша цел е да продолжиме да ја зајакнуваме соработката кон поконкретна и пооперативна фаза, преку нови проекти и програми. Министерството за одбрана останува целосно посветено на партнерството со ЕУ. Како НАТО членка и земја кандидат за членство во ЕУ нашата амбиција е да бидеме уште поактивно вклучени во европските одбранбени иницијативи”, рече министерот.

Мисајловски и упати благодарност за трите пакети на поддршка преку Европскиот мировен фонд, како и другите финансиски механизми кои се дополнителна поддршка во делот на зајакнување на македонските армиски капацитети.

Директор на Директоратот за мир партнерство и кризен менаџмент при Европската служба за надворешни работи, Добран на денешната средба посочи дека ЕУ е подготвена за зголемување на соработката во овој домен и додаде дека воената мобилноста е од особено значење за поголема ефикасност и зголемување на отпорноста. Тој во оваа прилика информираше дека ЕУ во делот на одбраната и безбедноста ги разгледува можностите за нова поддршка во опрема за Армијата во наредниот период.

Европската унија преку иницијативите и механизмите досега има донесено одлуки  за неколку пакет мерки за поддршка на Армијата во висина од 40 милиони евра.

На денешната средба присуствуваа и Емануел Џауфрет, заменикот директор за Западна Европа, Западен, Балкан, Турција, Источен Медитеран и Обединето Кралство при EEAS  и евроамбасадорот Михалис Рокас.

Можете да прочитате

Кривична за делчевка, подигала пари од сметката на починатиот сопруг

Стеваноска го напушта ЗНАМ и остана без советник во општина Прилеп

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава