Утрински Весник
Свет

Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за нуклеарно прилагодување

20240612215535 Big 730x400 70.webp.webp

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО на состанок што ќе се одржи денеска и утре во Брисел ќе разговараат за прилагодувањето на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина.

– Во рамки на министерскиот состанок ќе се состане групата за нуклеарно планирање, на која сојузниците ќе разговараат за тековното прилагодување на нуклеарните капацитети на сегашната безбедносна средина, изјави синоќа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На прашањето каква порака испраќа НАТО до Москва со тоа, Столтенберг рече дека сојузниците мора јасно да соопштат дека „нашето нуклеарно одвраќање е ефективно, безбедно и доверливо“. 

Можете да прочитате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“

Катастрофални поплави во Шпанија, пороите однесоа автомобили, двајца загинати

Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз, туристите не можат да влезат во музејот