Утрински Весник
Македонија

Конференција на тема „Паметно учење за зголемена продуктивност: Патот на Lean Six Sigma“

20240612164638 Big 730x400 25.webp.webp

Во рамки на активноста на УСАИД Партнерства за економски раст, во соработка со Smart Learning Factory – Skopje денеска ќе се одржи конференција на тема „Паметно учење за зголемена продуктивност: Патот на Lean Six Sigma“.

Дополнително, како што информираат организаторите, на конференцијата ќе бидат промовирани и учесниците од првниот циклус на обуки кои успешно ги поминале обуките и спроведоа пилот проекти во своите компании.

Директорката на канцеларијата на УСАИД, Џери Дајбл и редовниот професор на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, д-р Роберт Миновски, ќе имаат поздравен говор, a на настанот ќе се обрати и раководителот на Smart Learning Factory – Skopje и редовен професор на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, д-р Бојан Јованоски. 

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ