Утрински Весник
Македонија

Министерот Љутков на доделувањето на „Ability awards“: Уметноста може да ја надмине секоја пречка

111.jpg

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер присуствуваше на првото издание на манифестацијата „Ability awards“, каде што на реномираната пијанистка Ема Ананиевска ѝ ја врачи наградата за култура и уметност.

Министерот Љутков упати честитки до Ананиевска, која е дипломирана пијанистка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, истакнувајќи дека нејзиниот придонес во македонската музичка култура е бесценет, а нејзиното музицирање покажува дека уметноста може да ја надмине секоја пречка.

„Бескрајно ѝ благодарам за нејзиниот придонес во македонската музичка култура и ѝ посакувам да продолжи вака успешно да создава, да биде голем афирматор и промотор на македонската култура“, рече министерот Љутков, кој упати и честитка по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

„Министерството за култура и туризам продолжува да работи на зголемување на застапеноста на лицата со посебни потреби во областа на културата. Наша заложба е лицата со посебни потреби да се вклучат во општествениот и културниот живот и со дарбата или талентот што ги поседуваат, да станат учесници во градењето на културното живеење на нашата држава“, истакна Љутков, кој ги поздрави заложбите на Здружението „Абилитис нет“ (Abilities Net) за организацијата на овој настан, апелирајќи до сите здруженија на граѓани и во иднина да аплицираат на конкурсите на Министерството за да се обезбеди поголема застапеност на културни содржини за овие лица.

„Министерството за култура и туризам и институциите од областа на културата се отворени за соработка и за иницијативи, со една заедничка цел – да го унапредиме културното живеење на лицата со попреченост, да градиме заеднички вредности, да градиме општество на еднаквост“, рече министерот Љутков.

На манифестацијата „Ability awards“, што се одржа во хотелот „Хилтон“, организаторот додели награди во 10 различни категории на 10 поединци и 10 компании кои постигнале најголем успех во светот на инклузијата, изгласани од страна на публиката.

Можете да прочитате

Од утре ќе се бојкотира наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“

Перински: Без млади, нема иднина, ни за локалната самоуправа, ни за државата

Првиот човек на ФЗО поднел кривични пријави против шест директори на здравствени установи