Утрински Весник
Македонија

Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари

Slika.jpeg

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорот на Управа за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во износ од 1.000.000 денари.  Со се овој износ од еден милион денари, целокупната поддршка на УХМР од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на годината изнесува 13 милиони денари.

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во висина не повеќе од 1.000.000 денари со вклучен ДДВ.

„Целта на овој Договор е санација и модернизација на радарски центри и метеоролошки станици. Само преку редовно информирање може да се предупреди за евентуалните непогоди кои што можат штетно да влијаат врз земјоделието”, појасни министерот Трипуновски.

Министерот Трипуновски додаде дека преку активната соработка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Управата за хидрометеоролошки работи може да допринесе подобрување на метеоролошкиот систем во државата.

Можете да прочитате

(Во живо) Следете ја новата епизода од подкастот „Зрак“ со Д-р Марина

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид, бараат невладини организации

Вистинска зима од утре, наутро и до -5: Неделава пристигнуваат јаки мразеви на Балканот