Утрински Весник
Македонија

Министерот Муцунски во официјална посета на Република Чешка

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре е во официјална посета на Република Чешка.

Централно место во разговорите на двајцата министри се очекува да биде перспективата на евроинтегративниот процес на нашата земја, спроведувањето на реформската агенда и во таа насока поддршката на Република Чешка за европското досие на нашата земја. Ќе бидат разгледани и можностите за унапредување на севкупните билатерални односи, со особена заложба за зајакнување на економската соработка. Двајцата министри ќе одржат и прес-конференција, а ќе имаат и поздравни обраќања на бизнис форумот кој се организира во соработка со чешко-македонската трговска асоцијација.

Покрај средбата со својот домаќин, министерот Муцунски ќе се сретне и со министерот за европски работи, Мартин Дворжак и министерот за индустрија и трговија, Лукаш Влчек, како и со претседавачот и членовите на Парламентарната група за соработка со нашето Собрание и со претседателот на Сенатот, Милош Вистрчил. Во рамки на посетата, предвидено е министерот Муцунски да одржи предавање на University of New York во Прага.

Можете да прочитате

СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра

Прво пенливо вино од линијата Luda Mara на „Тиквеш“: Од Тиквешијата, создадено за светската сцена

Се запали куќа во близина на Скопје