Утрински Весник
Економија

АСО додели награда за најдобар труд на млад научник-истражувач по повод денот на осигурувањето

20241104094046 Big 730x400 94.webp.webp

Во конкуренција на пет труда стручната комисија го награди истражувачкиот  труд на Кристијан Кожески, асистент на катедра на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Трудот разбработува важни сегменти за влијанијата што врз цените на полисите за осигурување имот ги имаат БДП, долгорочните кредити, цените на недвижностите и бројот на издадени дозволи за градење. Оваа награда во вредност од 80.000 денари АСО ја доделува традиционално 14 години по ред, по повод денот на осигурувањето – 1 ноември на кој годинава АСО одбележува и јубилеј 15 години од основањето

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели награда за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето. Во конкуренција на пет труда од областа на управување со ризици и осигурување стручната комисија годинава наградата ја додели на Кристијан Кожески асистент на катедра на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.

Плакетата за најдобар истражувачки труд на Кожески му ја додели д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти при АСО. За авторот на прворангираниот труд АСО додели награда од 80.000 денари. Оваа награда за стимулација на работата на млади научници истражувачи од областа на управување со ризици во осигурувањето годинава се доделува по 14 пат.

Во своето истражување Кожески утврдува дека макроекономските и финансиските фактори играат значајна улога во одредувањето на премиите за осигурување на имот во Македонија. При тоа трудот насловен „Комплексната интеракција на макроекономските и финансиските детерминанти со премиите за осигурување на имот во Македонија: Динамична краткорочна и долгорочна анализа” разработува како економскиот раст, цените на недвижнините и дозволите за градба имаат позитивен и значаен ефект, додека долгорочните кредити имаат неочекувано негативно влијание. Авторот исто така укажува на тоа дека овие наоди имаат важни импликации за осигурителните компании и креаторите на економски политики.

Целта на конкурсот што традиционално се распишува е за да послужи како стимулација за развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри.

Можете да прочитате

СДСМ: Власта одби 100 денари линерана субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите

На владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија, ќе се наменат за еврообврзницата

Собранието го изгласа Буџетот за 2025 година