Утрински Весник
Македонија

“МИНИ ЛЕТО ВО МАКЕДОНИЈА”: Погледнете што точно не очекува од времето до крајот на денов!

1728370878 T2m 025 Crop 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (вторник) под влијание на потопла, сува  и стабилна воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со појава на умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, кој во горниот дел од Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, стабилно, суво и сончево, со појава на умерена локална облачност  и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени. Во Скопје максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 24 степени.

Можете да прочитате

Божиновска – Петрова: Нови чекори за зајакнување на енергетската соработка меѓу Македонија и Бугарија

Focus on the Road – засилени контроли на МВР за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња