Утрински Весник
Македонија

Минчев: Добредојден е секој предлог за намалување на корупцијата

Mincev 0 585x329 1.jpg

„Искоренувањето на корупцијата како актуелен и акутен проблем е еден од најзначајните приоритети на Владата и затоа е добредојден секој предлог кој се однесува на можноста да се намали корупцијата, вклучително и предлогот на премиерот за воведување линија за пријавување на корупција“ изјави денеска министерот за јавна администрација – Горан Минчев.

– Сепак корупцијата е проблем кој е многу опсежен, во кој треба да се вклучат голем број на органи, пред се, мислам на Министерството за внатрешни работи, Комисијата за спречување на корупција, рече Минчев во одговор на прашање – кога ќе профункционира најавената линија во Владата за пријавување на корупција, даден на паузата на денешната Јавна дискусија за предлог законите за административни службеници во ЗЕЛС.

Нагласи дека се она што се случува како приоритет на Владата и активностите на Министерството за внатрешни работи ќе придонесат за значително намалување на корупцијата.

– Тоа е процес кој трае, ништо не може да се случи преку ноќ, но фокусираноста на Владата и на премиерот кон овој проблем е една од алатките кои ќе се случуваат во иднина – посочи Минчев.

Можете да прочитате

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице

Левица: Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка