Утрински Весник
Спорт

Милевски: Ако Македонија изгледа вака, ќе бидам среќен

Milevski.png
300x250 (7)

Македонската фудбалска репрезентација ги заврши мини подготовките во Анталија, каде одигра и два контролни натпреаври, со реми против Молдавија(1:1) и пораз од Црна Гора (0:1).Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски изрази задоволство од сработеното и прикажаното на неговите избраници. Задоволен е и од дуелот со Црна Гора и порај резултаски неуспешната контрола. -Противникот од игра нема ниту еден шут кон голот… да прекините ни се проблем, работиме на тоа напорно. Се обидовме да ја промениме поставеноста во дефанзива на тие дефанзивни корнери, игравме некоја зона, но се случи тоа што се случи, ќе работиме уште на тој сегмент“, вели Милевски, за поразот и продолжи со својата анализа: -Морам да изразам задоволство од начинот на кој што играше Македонија на овој меч, начинот на кој што доминираше во сите сегменти на фудбалската игра. За жал тие шанси што ги имавме, особено во првото полувреме не ги искористивме, но сето останато што барав од фудбалерите не само што го исполнија туку и дадоа повеќе од тоа. Морам да бидам задоволен од тоа што го видов. И уште еднаш ќе потенцирам дека Македонија одигра исклучително квалитетен натпревар со противник повеќе од сериозен како што е Црна Гора. Задоволен сум од тоа што го видов на овие два натпревари. Ако Македонија изгледа вака и во иднина, јас ќе бидам среќен. Ако го тргнеме на страна резултатот, во ред резултатот е најважен, но не е најважен на овие контролни натпревари.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот е новиот тренер на „Енфилд“

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов