Утрински Весник
Магазин

Федерални агенти упаднаа во две куќи на Диди

Pi Didi.jpg

Федерални агенти во понеделникот извршиле рација во два имоти на музичарот Шон Диди Комбс, во врска со истрагата за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, пишуваат американските медиуми.

„Координирани рации беа спроведени во Лос Анџелес и Мајами од вооружени агенти од Одделот за домашна безбедност, со помош од локалните органи за спроведување на законот“, изјавија извори за TMZ. Телевизиската станица FOX11 објави снимка од претресот во Лос Анџелес, каде со лисици може да се видат двајца од синовите на раперот, Џастин Комбс (30) и Кинг Комбс (25).

Извршувањето на налогот за претрес, издадено од Канцеларијата на американското правобранителство, се верува дека е поврзано со наводите што се појавија против 54-годишниот музичар во последните месеци, почнувајќи со тужбата поднесена во ноември од страна на R&B пејачката Каси Вентура која го обвини за долгогодишно сексуално и физичко малтретирање.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои имаат среќа со финансиите, ретко остануваат без пари

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир