Утрински Весник
Спорт

Милев: Влегуваме во потребниот ритам пред дуелот со Украина

Милев: Влегуваме во потребниот ритам пред дуелот со Украина

Одбојкарската репрезентација на Македонија се подготвува за настапот во Златната Европска лига, а секако и за Европското првенство кое за три месеци ќе се одржи и во нашата земја. Новиот селектор Јошко Миленковски форсира напорно темпо, а очекувањата ги сподели искусниот Владо Милев.

dobivaj vesti na viber

„Влеговме во оваа втора фаза по подготвките во Маврово и засега сѐ оди во најдобар ред. Радува што здравствениот билтен е добар. Продолжуваме со засилено темпо и работиме на воигрување на екипата, полека да влеземе и во натпреварувачки ритам“, изјави Милев.

Првиот предизвик за одбојкарската репрезентација на Македонија е дуелот против Украина на 27 мај. Во Златната Европска лига, македонските одбојкари ги очекуваат мечеви со Белгија, Украина и со Хрватска.

Можете да прочитате

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Пораз на Денвер во Феникс – Дурент го запре Јокиќ

Истанбул ќе биде домаќин на Европските игри во 2027 година