Утрински Весник
Спорт

Миленко Неделковски изгласан за нов извршен директор на Вардар: Комити велат тие гласале против

Milenko Nedelkovski Kanal77.jpg

Во продолжение ви го пренесуваме цело соопштение на Комити:

„Групата го известува членството, како и целокупната јавност, дека денес беше одржано Собрание на акционери на ФК Вардар АД Скопје, а со цел избор на нови членови во одборот на директори.
На истото присуствуваа и претставници на групата, во својство на застапници на 15% од акциите на клубот кои по договор ги поседува здружението ,,35 години Вардарци Скопје”.

На Собранието беа избрани вкупно пет членови во одборот на директори, меѓу кои еден претставник на здружението ,,35 години Вардарци Скопје” кој беше избран едногласно.

1. Во однос на предлогот на мнозинскиот акционер, за извршен директор да биде именувано лицето Миленко Неделковски, Здружението се изјасни против, поради тоа што сметаме дека лицето Миленко Неделковски не поседува карактерен и морален капацитет, ниту пак поседува компетенции и визија кои се содветни за носител на така одговорна функција во национален и народен бренд каков што е ФК Вардар.

2. Во однос на останатите предлози на мнозинскиот акционер, Здружението се изјасни воздржано поради тоа што не е запознаено со квалитетите и визијата на предложените членови за одборот на директори.

3. Во однос на точка разно, претставникот на Здружението побара на следното собрание да се отвори дискусија за измени и дополни на статутот на клубот, односно официјално и формално во статутот на клубот, покрај логото на клубот, да биде прифатен и официјален слоган кој ќе гласи „Вардар – клуб на народот“.

4. Дополнително, под точка разно малцинскиот акционери апелираше до новите членови на одборот на директори предложени од страна на мнозинскиот акционер, доследно да се придржуваат до обврските од Договорот за дар помеѓу Атила Бижен Жилали и Здружение Вардарци од 06.09.2024год. заведен под УЗП 6630/2024 кај Нотар Дејан Павловски од Скопје.
Со ова би сакале да упатиме јасна порака дека борбата за клубот не завршува, баш напротив, истата мора да продолжи со уште посилно темпо, како во структурите на клубот, така и на трибина! За нашиот Вардар – за клубот на народот!“, стои во соопштението на Комити.

Можете да прочитате

Гречен Велш урна рекорд од 2009 година

ВТА ја избра тенисерката на годината

Завршија рочиштата за судењето на векот – На Сити му се заканува преселба во аматерската лига