Утрински Весник
Балкан

Милановиќ: Хрватски војници нема да војуваат во Украина

20240829072304 Big 730x400 42.webp.webp

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска не смее директно да се вклучи во конфликтот меѓу Русија и Украина, но дека сепак може да му обезбеди на Киев хуманитарна помош и воена опрема.

-Направив се и ќе направам се во иднина за да спречам каква било вмешаност на хрватските војници во војната во Украина на кој било начин, вклучително и учество во центри за обука. Дали некој ќе и даде воена опрема на украинската армија, тоа не е моја надлежност и нема да се мешам во тоа, рече Милановиќ, а пренесе порталот Индекс.хр.

Претходно, хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ најави дека земјата следната година ќе одвои 66,6 милиони евра за помош за Украина.

Можете да прочитате

Нов, построг закон: Ако патувате во Србија, внимавајте на овие казни за алкохол!

Монах повреден на Халкидик при скок од амбулантно возило во движење

Турски научници предупредуваат на пораст на екстремни временски појави