Утрински Весник
Спорт

Микаела Шифрин дојде и до 84. победа во Светскиот куп

Микаела Шифрин дојде и до 84. победа во Светскиот куп

Микаела Шифрин ја освои својата 84. победа во Светскиот куп во алпско скијање, откако триумфираше и во вториот велеслалом во Кронплац (Италија).

dobivaj vesti na viber

Со денешниот успех, Американката дојде на две победи од рекордот на сите времиња за победи во Светскиот куп што го држи легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк (86).

За разлика од вчера, денеска Шифрин не беше најбрза во двете трки. Сепак, таа триумфираше со цели 0,82 секунди пред Норвежанката Рагнхилд Мовинкел, која го заслужи својот втор подиум во последните четири дена.

Олимписката шампионка во велеслалом од Пекинг 2022, Сара Хектор од Шведска, заврши на третата позиција.

Можете да прочитате

Милан има само 2,8 милиони евра за трансфери

По најновите докази за силувањето: Сопругата на Дани Алвеш ги избришала сите заеднички фотографии

Адеми доби понуда од Штутгарт, но Динамо Загреб не му дозволува да замине