Утрински Весник
Свет

Мигранти киднапираа товарен брод во Италија и го нападнаа екипажот

Мигранти киднапираа товарен брод во Италија и го нападнаа екипажот

Италијанските специјалци денеска поразија група мигранти кои киднапираа товарен брод во близина на брегот на Неапол.

dobivaj vesti na viber

Неколку лица од група од 15 кои се криеле на бродот го совладале екипажот, соопштија властите. Тие го принудија бродот Галата Сивејс, кој пловел под турско знаме, да се пренасочи од својата рута.

Бродот пловел од Турција кон Франција.

Италијанската морнарица стигнала до бродот со хеликоптер и ги уапсила напаѓачите, кои биле вооружени со ножеви.

„Се заврши добро“, објави италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето на Твитер. Бродот потоа бил упатен во Неапол на полициска проверка, а тројца од 15-те мигранти биле обвинети за поседување оружје.

 

Две жени, од кои едната е бремена, и двајца мажи се пренесени во болница, јави АНСА, повикувајќи се на здравствените власти во Неапол. Другите мигранти, кои на полицијата ѝ кажале дека се од Авганистан, Сирија и Ирак, биле сместени во прифатен центар за бегалци.

 

Можете да прочитате

Романскиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Боложан

Тројца загинати во пад на мал авион врз зграда во Бразил

Обама: Нетанјаху и мене се обидуваше да ме натера да војувам со Иран