Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите ќе се зголемуваат согласно закон

Miczkoskis.jpg

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има раст на пензиите на пензионерите од септември, изјави дека за да се заштитат пензионерите, пензиите ќе растат согласно законот, потсетувајќи дека кога владата ги зголемила пензиите линеарно, тогаш одредени поединци охрабрени од опозициските партии поднеле иницијатива пред Уставниот суд за негово укинување.

„Да тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци во позадина охрабрени од политички партии да пред Уставниот суд покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде согласно усогласувањата предвидени со закон”, вели премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка