Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ

20240829103347 Big 730x400 21.webp.webp

Со интонирање на македонската химна и највисоки државни почести денеска во Загреб е пречекан премиерот Христијан Мицкоски од неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ. Во тек е тет-а-тет средбата по која треба да бидат потпишани два меморандуми за соработка во областа на здравството и образованието.

Во областа на здравството, соработката меѓу другото, предвидува размена на експерти и советодавни услуги, а во делот на образованието исти услови за школување за македонските и хрватските ученици и студенти.

По средбата со Пленковиќ, премиерот Мицкоски ќе се сретне и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и потпретседателот на хрватскиот Сабор Жељко Реинер.

Во фокус на разговорите се евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка на тој пат, како и можностите за продлабочување на билатералната соработка, особено на економски план.

Во состав на владината делегација се и министрите за образование и наука, за здравство и за надворешни работи.

Можете да прочитате

ДУИ: Ниту една седница на Влаадата не била водета од заменик премиер Албанец

Нова дигитална алатка „Пратеници.мк“ ги доближува отворените податоци на Собранието до граѓаните 

За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети