Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Владата убедуваше дека ќе има струја од домашно производство, а секој ден увезуваат по еден милион евра

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се стави крај на криминалот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со енергетската криза во државата, истакна дека иако од Владата најавуваа дека комплетните потреби на граѓаните за струја ќе бидат задоволени од домашното производство, тие повторно излажаа.

dobivaj vesti na viber

„Јас ќе дадам еден податок денеска ексклузивно од овде, од Кавадарци. Почнаа во ноември да увезуваат струја за потребите на граѓаните, не за индустријата, за потребите на граѓаните, оние што се снабдувани од ‘ЕВН хоум’, за кои државата велеше дека комплетно домашно производство ќе ги снабди со електрична енергија. Тие не успеаја и затоа од 7 до 30 ноември, за 23 дена, увезоа електрична енергија во вредност од 23 милиони евра. Значи, секој ден увезуваа по еден милион евра електрична енергија, пари платени од граѓаните. За 23 дена, 23 милиони евра“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека покрај овие 23 милиони евра за увоз на струја во ноември, направен е и нов тендер за првите четири дена од декември, кој би чинел некаде околу 8 милиони евра за увоз на електрична енергија, а зимата сè уште календарски не е почната.

„Сега направиле нов тендер за првите четири дена во декември, а замислете – зимата сè уште не е почната календарски, нов тендер во кој повторно ќе увезуваат од 1 до 4 декември, процената е дека нови 8 милиони евра ќе чини оваа набавка. Значи, ќе повторам, не само што крадат туку и многу лажат и не ја говорат вистината и затоа ќе ги видите Ковачевски и малкумина владини функционери на оние стендап-настапи, каде што како комедијант тој се обидува мене да ме навредува мислејќи дека прави претстава пред неколкумина сопартијци, кои му аплаудираат, а народот тоне во мизерија“, потенцира Мицкоски и додаде:

„Додека Македонија има многу проблеми, тој онака храбро одлучува како комедијант да ме навредува на своите настапи пред малобројното негово партиско членство, мене и ВМРО-ДПМНЕ. Ако е толку храбар како што се преставува, има начин таа храброст да ја манифестира, а тоа е да одиме на предвремени парламентарни избори, па народот да даде оценка дали ќе верува на неговите стендап-настапи како комичар или на ова сурова и тешка, болна реалност во Македонија“, порача Мицкоски.

Можете да прочитате

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Лукаревска: Од целосно заборавени, домашните претпријатија  ги поддржавме со 100 милиони евра, ќе ја дуплираме поддршката

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници, ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово