Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Убијците кај „Мавровка” излегле од затвор кога СДСМ биле на власт

23082024 Mickoski 2 1.jpg

„Па да избегани биле кога бил СДСМ дел од владата и раководните структури на владата на СДСМ и ДУИ”, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на опозицијата.

Според премиерот, важно е дека криминалците се фатени и изведени пред лицето на правдата.

„Но, видете она што е важно е дека е загубен човечки живот, а криминалците се фатени и изведени пред лицето на правдата. И јас ви кажав неколку пати во јавноста ќе повторам и сега, секој оној кој што мисли да се занимава со криминал, ќе биде фатен и ќе биде испратен онаму каде што му е местото, позади решетки”, истакна тој и додаде:

„Мора професијата криминалци и криминал да ја направиме неисплатлива, ако сакаме да се ослободиме од криминалците и криминалот. Без разлика дали станува збор за вакви безочни убијци, дали станува збор за политички криминалци, дали станува збор за друг тип на криминал и корупција”.

Личен приоритет на премиерот Мицкоски е битката против ваквите елементи и ваквото девијантно однесување и според него, секој кој што мисли дека со криминалот може да профитира и е исплатлива професија, многу скоро денеска ќе се разочара.

„Ние мораме како Влада и како држава сериозно да се занимаваме со битката против ваквите елементи и ваквото девијантно однесување и тоа е мој личен приоритет. Ќе повторам, секој криминален битанга кој што мисли дека со криминалот може да профитира и е исплатлива професија, многу скоро денеска ќе се разочара и ќе биде пронајден и истиот ќе биде сместен онаму каде што му е местото, а тоа е позади решетките”, рече тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека постојат политички глодари, кои што мислат дека на сметка на загубените животи, ќе спечалат некаков политички поен.

„Постојат политички глодари, кои што мислат дека на таков начин ќе спечалат некаков политички поен на сметка на загубените животи, но жалам што таков тип на политички глодари не го гледаат минатото и не гледаат што оставија и што правеа додека беа тие во Владата и што всушност ние денеска мораме да поразиме, кое што е овставштина и би рекол наследство од тоа време кога владата на СДСМ и ДУИ беше во Влада. Но, ќе се бориме и победиме. Треба на сите да им е јасно, не се само тие, набљудуваме уште неколку групи и овде во Скопје и неколку други градови низ цела држава, во цела Македонија гледаме неколку групи. Овдека идентификувавме три групи, кои за жал имаат своја логистика и во некои од затворите, кои што се занимаваат со изнуда, со тероризам, со рекетирање, со тежок облик на криминал, точно ги знаеме кои се и очекувам многу скоро и за нив бавењето со криминал да биде неисплатлива професија”, дециден е премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!