Утрински Весник
Македонија

Пронајдена марихуана во возило, уапсени пет лица

Marihuana.webp.webp

На 20.09.2026 во 22:20 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, на место викано Суви Лаки, мобилниот тим „Task Force“ од Регионалниот центар за гранични работи Исток ги лишија од слобода Г.П.(32) од с.Пожаране, општина Врапчиште, С.З.(37) од с.Муртино, струмичко, Н.С.(31) од с.Воиславци, радовишко, Б.А.(25) од Радовиш и В.С.(22) од с.Злеово, радовишко.

При контрола на патничко возило „дачија дастер“ со скопски регистарски таблички, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот Регионалниот центар за гранични работи Исток ќе поднесе соодветна пријава.


Можете да прочитате

Уапсен радовишанец кај кого била најдена марихуана

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие, уапсени 17 лица