Утрински Весник
Македонија

Мицкоски ,,свитка кичма” на вториот ден од конференцијата Заев-Ципрас – ќе се заколнел пред Северна Македонија

Slika 2 2 1068x601 1.jpg

Мандатарот за состав на новата Влада, Христијан Мицкоски денеска најави дека при свечената изјава како и при настапите во странство ќе го користи уставното име на државата.

Ако до пред неколку месеци својата кампања Мицкоски ја темелеше на силно противење на Договорот од Преспа и уставните измени, денес тој ,,свитка кичма” на едното од двете прашања.

,,Заклетвата како нов премиер ќе ја дадам со уставното име на државата, тоа е јасно. Во моите настапи во странство ќе го користам уставното име на државата со придавката. Не можеме да се однесуваме со двојни стандарди, не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите и уставот, а ние да не ги почитуваме” рече Мицкоски во интервју за телевизија Сител.

Веста стигна додека екс премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас ги даваат завршните зборови на конференцијата во Атина организирана по повод шестгодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа.

Токму на конференцијата беа упатени пораки кон Мицкоски и Мицотакис да го почитуваат Договорот од Преспа а меѓу оние што испратија таква порака беше и медијаторот во спорот Метју Нимиц.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”