Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Спремен сум за разговори за обединување и создавање национална стратегија

Mickoski Prima Mandat Za Vlada Od Siljanovska 12 Bg.jpg

Во своето новогодишно интервју за МИА, премиерот Христијан Мицкоски нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било политички актер, кој има каква било идеја, која води кон национално помирување за државните стратешки интереси. Мицкоски нагласува оти е добро што идејата за заедничка стратегија, на која повика тој самиот, а потоа и коалицискиот партнер ЗНАМ преку предложената Платформа, но и лидерот на опозицијата Венко Филипче со предлагање на натпартиска стратегија, е се поприсутна и се втемелува во јавноста.

Со Филипче досега не сум искомуницирал за оваа тема конкретно, но, како што посочува, имаат чести средби и разменуваат по некоја реченица, како и со останатите политичари во Собранието додека се одржуваат пратеничките прашања. „Ќе ве потсетам дека во мојот говор уште на 23 октомври – Денот на Внатрешната македонска револуционерна организација повикав на ваков тип на обединување кое што ќе кулминира со заедничка соработка која што би ја имале политичките чинители и Македонската академија на науките и уметностите, да креираме една долгорочна стратегија за неколку децении однапред за да знаеме што треба да направиме и каде треба да се стремиме како држава. Добро е што е ова се’ поприсутно во јавноста, добро е што зафаќа темел, има свој корен и добро е да имаме ваков тип на дебати во коишто ќе имаме национално обединување и јас тоа го поздравувам. Се разбира и секогаш сум подготвен да разговарам со секого којшто има било каква идеја или предлог којшто значи национално помирување, да ги немаме оние дневни ад хоминем политички разлики“, нагласува Мицкоски.


Можете да прочитате

Ученик од Миравци дискриминиран поради фризура

Апел за помош: Виктор Васиљевиќ починал во Шпанија, а семејството нема доволно средства за да го донесе дома

Брајовото писмо останува недостапно за учениците во Македонија, над 1.000 лица немаат пристап до него