Премиерот Христијан Мицкоски, гостувајќи во подкастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ со наслов „Македонија повторно твоја“, изјави дека се повеќе македонски граѓани кои ја напуштиле земјата изразуваат желба да се вратат дома.
Мицкоски истакна дека оваа промена доаѓа во светло на најавените преговори со 15 компании и инвестиција вредна помеѓу 350 и 360 милиони евра, која, според него, ќе го зајакне извозот и ќе влијае позитивно на македонската економија.
„Очекувам оваа инвестиција да се финализира следната година. Тоа ќе биде огромна придобивка за нас и значајно ќе ја засили македонската економија. Мораме да продолжиме да креираме производи со висока додадена вредност, бидејќи само така економијата ќе расте. Забележувам дека се повеќе наши сограѓани кои во минатото заминаа во странство, сега се интересираат или веќе се враќаат во татковината. Се враќа надежта, а тоа ми дава поттик дека правиме вистински промени,“ рече премиерот.
Мицкоски нагласи дека оваа инвестиција ќе донесе нови можности и ќе биде важен чекор за економскиот напредок на државата.