Утрински Весник
Свет

Почина поранешниот претседател на САД, Џими Картер

Img 0155.jpeg

Поранешниот претседател на САД, Џими Картер, почина на 100-годишна возраст, потврди Центарот Картер – организација што тој самиот ја основа. Картер, кој беше најдолговечниот претседател во историјата на САД, го прослави својот 100-ти роденден во октомври оваа година.

Центарот Картер соопшти дека поранешниот претседател починал во неделата попладне, во својот роден град Плејнс, Џорџија.

Џими Картер, демократ и 39-ти претседател на САД, ја извршуваше функцијата од 1977 до 1981 година. Иако ја напушти Белата куќа со низок рејтинг, неговата репутација значително се подобри преку децениската хуманитарна работа и глобалниот активизам. За својот ангажман во миротворството и човековите права, Картер во 2002 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Картер ќе остане запаметен како лидер кој, и по завршувањето на својата политичка кариера, продолжи активно да придонесува за заедницата и светот.

Можете да прочитате

Израел ѝ нуди на Украина ракети и оружје запленети од Хезболах

Ова е најсреќниот град во светот

Зеленски: Лага беа ветувањата на Западот дека еден ден ќе ја прифати Украина во НАТО