Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Ребалансот на Буџетот оваа недела треба да помине на владина седница

20260616124451 big 730x400 10.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ребалансот на Буџетот оваа недела да помине на владина седница, а потоа, како што рече, да се најде во Парламентот.

– Очекувам оваа недела ребалансот да помине на владина седница и да се најде во Парламентот, одговори кусо Мицкоски, на новинарско прашање по најавата за нова инвестиција вредна 20 милиони евра.


Министерството за финансии минатата недела ги почна состаноците за ребалансот на буџетот. Како што соопшти тогаш министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ребалансот ќе биде изготвен согласно среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните.

– Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, сите економии – вклучително и македонската – се соочуваат со предизвици поврзани со енергетските текови, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст. Затоа остануваме посветени на одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансии, со јасен фокус на зачувување на макроекономската стабилност, поддршка на економскиот раст и реализација на капитални инвестиции – напиша Димитриеска-Кочоска на „Фејсбук“. 

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра