Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Прерано е да се разговара за заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник во Кочани

Mickoski2.webp.webp

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека рано е да се размислува за заеднички кандидат за градоначалник на Кочани, по информациите дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, планира да го изнесе тој предлог на лидерска средба.

Премиерот не би сакал да навлегува во таков тип на политиканство, во период кога се уште не се залечени раните од ужасната трагедија.


„Тоа ќе предизвика дополнителна болка за луѓето кои ги загубија своите најблиски. Уште не се 40 дена поминати од тој настан“, изјави Мицкоски во Ново Село.

По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59 луѓе, а над 180 беа повредени, градоначалникот Љупчо Папазов, си поднесе оставка. За одлуката информира преку Фејсбук, по повеќе од еден ден од трагедијата. Тој е опфтен и со обвинението што се води за случајот, заедно со претходните двајца градоначалници, откако стана извесно дека диското работело со години без да ги исполнува безбедносните гаранции.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога