Утрински Весник
Македонија

ДУИ за Бајрам го посети семејството на Бектеши додека тој е во притвор

20250330125637.jpg

Денес припадниците на исламската вероисповед го празнуваат големиот празник Раазан Бајрам, па по тој повод поранешниот министер за здравство Бујар Османи и портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, го посетија семејството на Крешник Бектеши за да му дадат поддршка додека поранешниот министер за економија е во ефективен 30-дневен притвор во врска со издадената лиценца на дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Денес е вистинскиот ден да покажеме дека не само Крешник, туку и целото семејство Бектеши ја има нашата поддршка.


Не само затоа што е вистински пријател, не само затоа што е дел од нашето семејство, туку затоа што е неправедно обвинет и уште понеправедно одвоен од семејството.

Крешник е силен, храбар и пред сè, фер човек – па со нетрпение очекуваме да го видиме наскоро!“, објавија Османи и Адеми.

Во домот на Бектеши тие ја посетија неговата сопруга и деца, како и родеителите на Бектеши.

Можете да прочитате

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера