Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи

3a8b29f1 b194 2cb7 0d0a 2da3161c8ac1.jpg

Најновите податоци за индустриското производство во декември се потврда дека резултатите од напорната работа доаѓаат до израз, смета премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Тетово, премиерот рече дека очекува уште подобри резултати во периодот што следи. 

– Државниот завод за статистика вчера ги објави податоците за индустриското производство за декември. Повторно имаме раст на индустриското прозводство, мислам за 2,3 проценти, но она што е поважно е дека цела 2025 година, после многу долго време индустриското производство расте, а истото важи и за преработувачката индустрија, изјави Мицкоски.

Вчера, Државниот завод за статистика излезе со информација дека индустриското производство во декември е зголемено за 2,3 процента во однос на декември 2024 година.

Можете да прочитате

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра

Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари 

Основната каматна стапка е непроменета – високата неизвесност и натаму е присутна, велат од НБРМ