Утрински Весник
Скопје

Во Скопје протестен марш за чист воздух

Image 2026 01 31 125320797.png

Граѓани денеска повторно излегоа на протестен марш барајќи заштита на здравјето и животната средина. Со пораки како „Профит за нив, болести за нас“, „Дишеме отров“, „Воздухот не е луксуз, тоа е право“ и „Стоп за загадувањето“, демонстрантите порачаа дека економските интереси не смеат да бидат поважни од здравјето на луѓето.

Маршот започна во 12 часот од пред Владата, по што учесниците се упатија кон Собранието, а потоа продолжија пред Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тие нагласија дека институциите имаат обврска да постапуваат во интерес на граѓаните и дека прашањата поврзани со загадувањето и заштитата на јавното здравје бараат итни и конкретни мерки.

Фото: Марио Андоновски

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Проектот кај „Лимак“ ќе го реши сообраќајниот метеж во Скопје за наредните 100 години

Ѓорѓиевски: Наследивме долг од речиси 300 милиони евра, денес Град Скопје нема сопствени долгови

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар