Утрински Весник
Македонија

Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра за развој на општините

Hristi An Mickoski 3.jpg

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави нова иницијатива за развој на општините во земјата преку обезбедување на 250 милиони евра од Буџетот за развој и капитални проекти. Овој план е дел од напорите на Владата да ја подобри инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните.

„Ветивме развој на општините и сега го остваруваме тоа преку обезбедување на 250 милиони евра за инфраструктурен развој”, истакна Мицкоски на својот официјален Фејсбук профил.

На работниот состанок со министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочовска и министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беше утврден начинот на кој ќе се распределат средствата за општините. Според најавите, по ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, Министерството за локална самоуправа ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства.

„Средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура. На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби”, додаде премиерот.

Оваа иницијатива е дел од поголемиот план на Владата за подобрување на животниот стандард на граѓаните и развој на локалните заедници.

„Време е државата да направи повеќе за секој еден граѓанин. Со целата енергија работиме на реализација на ветеното”, заврши Мицкоски.

Можете да прочитате

Тошковски: Управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги за сите потреби на граѓаните

На Клиника за онкологија во Скопје ќе се работи во две смени

Запленети возила, цигари, облека: Царинската управа спречи обиди за криумчарење на разна стока